Матеус Куња од Атлетико во Вулверхемптон

78

Екипата на Вулверхемптон за продолжувањето на сезоната ќе го добие бразилското засилување Матеус Куња. Тој досега настапуаше за тимот на Атлетико Мадрид, но зимава се сели во клубот кој резултатски и тоа како се мачи во Премиер лигата.

Според информацииите Куња ќе ги чини Волфси цели 50 милиони евра, што е автоматски рушење на клупскиот рекорд на име на трансфер. Претходно најскапо засилување беше Нуњез кога пристигнуваше од Спортинг Лисабон за 45 милиони.

Веќе се закажани лекарски прегледи за еден од наредните денови, а официјално трансферот ќе стане факт на 1 јануари кога ќе се отвори пазарот.

ПретходноСалихамиџиќ конечно со одговор на голманското прашање во Баерн
СледноНавивачите променија име на авенија во Лионел Меси