Мбапе зборува, Дешамп молчи: Вака беше во соблекувалната на Франција на полувремето (ВИДЕО)

10936

Килијан Мбапе постигна три гола во финалето на Светското првенство, но не го освои шампионатот. Младиот Французин на тој начин стана најдобар стрелец на турнирот со осум гола, но и тоа не беше доволно за одбрана на титулата. На полувремето Аргентина водеше со 2:0 со головите на Лионел Меси и Ди Марија.

Франција се врати во 80. и 81. преку Килијан Мбапе, а потоа Аргентина поведе во судиското продолжение преку Меси во 108. минута. Неверојатниот Мбапе во 118. минута им донесе на Французите 3:3, но потоа беа поразени по лошото изведување пенали.

На социјалните мрежи кружи видео од француската соблекувална на полувремето. Главен говорник е Мбапе, кој малку подоцна се трансформираше во главниот лик на „триколорите“. Тренерот Дидие Дешамп оди низ соблекувалната и молчи, додека Мбапе вели:

“Ова е мечот на животот, се игра на секои четири години. Полошо од ова не можеме! Можеме да се вратиме”, се обиде да ги мотивира соиграчите кои седеа во тишина.

ПретходноПрославата во Буенос Аирес се претвори во хорор: Има починати лица (ВИДЕО)
СледноПочнуваат подготовките за Мундијалот: „Македонската Фаланга“ од Виена ќе ги бодри ракометарите во Краков!