Никола Јокиќ пружа партии кои НБА-лигата ретко ги гледа. Српскиот центар и двократен освојувач на МВП признанието и оваа сезона на чудесе начин урива рекорди.
Едноставноста во играта ги држи на нозе сите. Вака беше на дуелот против Мемфис во кој Јокиќ дојде до нов трипл-дабл, 82. во својата кариера. Неговиот Денвер победи со 105-91, а Јокиќ за 37 минути во игра постигна 13 поени, 13 скока и 13 асистенции.
Покрај него добра партија пружи Арон Гордон со 24 поени. На другата страна Морант имаше 35 поени и 10 асистенции.
Со победа број 19, Денвер се изедначи на врвот со Мемфис во Западната конференција, двата тима имаат и 11 порази.
Актуелниот НБА првак доживеа тежок пораз против Њујорк од 132-94. Без Стеф Кари во составот Голден Стејт изгледа поинаку.
Резултати: Детроит – Јута 111:126 Мајами – Чикаго 103:113 Њујорк – Голден Стејт 132:94 Феникс – Вашингтон 110:113 Денвер – Мемфис 105:91.