Олимпискиот шампион во спуст објави крај на кариерата

103

Швајцарскиот скијач Беат Фојц денеска соопшти дека неговиот последен настап во кариерата ќе биде спустот во Кицбил, кој во рамките на Светскиот куп ќе се одржи на 21 јануари.

„Поместување на границата и преземањето на ризик на скијачките трки е мојата страст со години наназад. Мојата интуиција често беше клуч на успехот. Денес мојата интуиција ми кажува дека моите физички граници се достигнати“, рече актуелниот олимписки првак во спуст.

Фојц во кариерата освои уште две олимписки медали, сребро во Супер-џи во Пјонгчанг 2018 и бронза истата година во спуст.

Тој исто така беше и светски првак во спуст во 2017 година, а 35-годишниот скијач во таа дисциплина освои и четири Кристални глобуси.

 

 

 

ПретходноНа радост на штипјани: Горан Здравков е новиот тренер на Брегалница!
СледноБорко со 8 одбрани го однесе Лемго во четвртфинале на Купот