Познато е што направил Роналдо откако Аргентина го освои Светското првенство!

7878

Меси и Роналдо се големи ривали, веќе 15 години играат на неверојатно ниво и со години има дебати за тоа кој е подобар играч, но се чини дека прашањето сега е решено.

Откако Меси успеа да го освои Светското првенство и единствениот трофеј што му недостигаше, многумина веруваат дека тој е најдобриот играч на сите времиња, и дека Роналдо повеќе не може да се споредува со него.

Роналдо се обиде да ја постигне истата цел со Португалија во Катар, но на крајот го доживеа веројатно најлошото Светско првенство во кариерата. Нокаут фазата на мечот ја започна од клупата за резерви, што секако не го очекуваше, а на крајот во солзи го напушти теренот по поразот од Мароко во четвртфиналето.

Додека Меси го ужива веројатно најголемиот успех во кариерата, од друга страна, кариерата на Роналдо не оди баш во насоката што ја посакуваше.

Покрај тоа што беше елиминиран од Мундијалот, неколку недели претходно остана и без клуб, бидејќи Манчестер Јунајтед му го раскина договорот, се уште не најде нова средина. Тој сака да остане на највисокото ниво на конкуренцијата, но понудите што ги добива не се ни блиску до тоа.

Дополнително на сето тоа, сигурно е дека најтешко за Роналдо е тоа што Меси стана светски шампион и со денови не се огласува на социјалните мрежи, иако многумина тоа го бараат од него.

Некои португалски медиуми дури објавија дека Роналдо наводно го исклучил мобилниот веднаш по завршувањето на финалето Франција-Аргентина бидејќи знаел дека ќе биде бомбардиран со пораки и провокации.

Португалскиот магазин Оле објави дека Роналдо моментално е фокусиран само на тренинзите бидејќи сака што подобро да се подготви за остатокот од сезоната, а се очекува наскоро да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Се шпекулира дека сака да игра на Мундијалот за четири години, но потоа ќе има 41 година и тешко дека се уште ќе биде во репрезентацијата на Португалија, па очигледно неговиот сон за освојување на Мундијалот е завршен.

ПретходноМбапе утрово ги шокираше сите во ПСЖ, но и го посрамоти Нејмар!
СледноЏонов: Повикот ми значи многу, посакувам најмалку една победа во Краков!