Почнуваат подготовките за Мундијалот: „Македонската Фаланга“ од Виена ќе ги бодри ракометарите во Краков!

991

Сите погледи веќе се вртат кон македонската ракометна репрезентација и настапот на Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Шведска и Полска. Нашите момци ќе играат во Краков, а за противници ќе ги имаат селекциите на Норвешка (13.01), Холандија (15.01) и Аргентина (17.01).

Традиционално на трибините на секое големо натпреварување, ракометарите имаат голема поддршка. Дел од навивачите доаѓаат токму од Македонија и не жалат за поминатите илјадници километри, дел доаѓаат од другите земји.

Македонската Фаланга од Виена редовно ја поддржува македонската ракометна репрезентација. Подготовките за Мундијалот веќе се почнати, билетите се обезбедени, на својата официјална „Фејсбук“ страница објавија информација за Краков.

ПретходноМбапе зборува, Дешамп молчи: Вака беше во соблекувалната на Франција на полувремето (ВИДЕО)
СледноМбапе утрово ги шокираше сите во ПСЖ, но и го посрамоти Нејмар!