Прославата во Буенос Аирес се претвори во хорор: Има починати лица (ВИДЕО)

386

Репрезентацијата на Аргентина во вторникот рано наутро се врати во Буенос Аирес, откако ја совлада Франција во неделното финале на Светското првенство. Лионел Меси и неговите соиграчи среде ноќ беа пречекани од стотици илјади навивачи на улиците, а огромната прослава, која од неделата трае во Аргентина, продолжи и во вторникот.

Играчите тргнаа со автобус низ градот кон претседателската палата, а на улиците на главниот град излегоа 5,5 милиони луѓе. Толпи обожаватели ги заглавија сите главни патишта во градот, а фотографиите од народното море на улиците и плоштадите го обиколија светот.

Навивачите се качуваа на канделабри, семафори и покриви на автобуски станици каде славеа, скокаа и пееја. За жал, за време на таа прослава, 24-годишник паднал низ стаклен покрив и набргу починал, а друг навивач починал откако знамето што го имал околу вратот му се заплеткало во тркалото на моторот и го задушило.

Петгодишно момче е во кома откако на главата му паднаа остатоци од споменикот на кој навивачите се качуваа, илјадници навивачи беа полесно или тешко повредени, а хулигани киднапираа полициски возила и со нив се движеа низ градот.

Ситуацијата беше на работ да излезе од контрола во моментот кога автобусот со играчите повеќе не можеше да се движи напред или назад низ огромната толпа луѓе. Додека автобусот минувал под надвозникот, многу навивачи се обиделе да скокнат во него, а некои паднале и биле тешко повредени.

ПретходноДелириум во Росарио: Лионел Меси едвај влезе во својот дом (ВИДЕО)
СледноМбапе зборува, Дешамп молчи: Вака беше во соблекувалната на Франција на полувремето (ВИДЕО)