Реал го сака најдобриот млад играч на СП, но не му се дава 120 милиони евра

455

Енцо Фернандез беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар. Тој го привлече вниманието на Реал Мадрид, меѓутоа Бенфика му порача на мадридскиот гигант како и на сите други заинтересирани дека цената е 120 милиони евра.

Од Реал го сакаат аргентинскиот репрезентативец но не и да платат толкава сума за него. Тие сметаат дека цената е „напумпана“ и дека Бенфика претерува во барањата. Од Реал се спремни да платат максимум 100 милиони евра и ништо повеќе.

Тој е интересен за ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Интер. Сите овие клубови наводно разговарале со агентот на играчот.

ПретходноКостоски од ТФТ е МВП на 6.коло во АБА 2
СледноРоналдо слета во Ријад, ќе го реализира трансферот во Ал Наср