Роналдо слета во Ријад, ќе го реализира трансферот во Ал Наср

4178

По испаѓањето на Португалија од Мундијалот, Кристијано Роналдо слета во Мадрид и продолжи да тренира со Реал Мадрид. Неколку денови помина во тренинг центарот на „кралскиот клуб“ чекајќи повик од новиот клуб.

Денеска тој беше „уловен“ од камери на аеродромот во Ријад во Саудиска Арабија. Тоа значи дека португалскиот ас ќе го реализира трансферот во еден од најдобрите клубови во оваа држава Ал Наср.

Тој очекуваше да заврши во некој европски клуб меѓутоа нема расположени страни да го ангажираат. Од тука Роналдо одлучил да се проба во Азија, во деветкратниот шампион на Саудиска Арабија (последен пат во 2018/19) и финалист во азиската ЛШ од 1995 година.

 

 

ПретходноРеал го сака најдобриот млад играч на СП, но не му се дава 120 милиони евра
СледноМеси останува во Париз, има устен договор со ПСЖ