Салихамиџиќ конечно со одговор на голманското прашање во Баерн

271

По глупоста која што ја направи Маниел Нојер и повредата на скијање, која што ќе го оддалечи од терените шест месеци, стана јасно дека Баерн Минхен зимава ќе носи голман.

Се шпекулираше многу за време на Мундијалот, дали тоа ќе биде Кејлор Навас или пак евентуално фантастичниот на турнирот во Катар, Доминик Ливаковиќ, но сега, спортскиот директор на „Баварците“, Хасан Салихамиџиќ, со интервјуто во Билд разреши многу дилеми.

Имено, според него најлогично решение за проблемот на Баерн е неговиот чувар на мрежата Александер Нубел кој во моментов се наоѓа на позајмица во Монако.

„За нас нормално дека прва опција е Нубел но се прашува Монако со кој тој има потпишано позајмица“ – рече Салихамиџиќ.

Доколку Монако не сака да излезе во пресрет што се вели, следна опција би бил Јан Зомер, кој што е мета исто така и на Интер но за на лето, кога ќе му истече актуелниот договор.

По се изгледа дека Баерн нема намера да троши тешки милиони зимава за голман, и ќе чека опоравување на Нојер, одлучувајќи се во моментов за преодно решение.

 

ПретходноГвардиол има откупна клаузула од 110 милиони евра
СледноМатеус Куња од Атлетико во Вулверхемптон