Стигна францускиот одговор за навредите од Аргентина (ФОТО)

1291

Цела „плајада“ од навреди пристигнаа на адреса на репрезентативците на Франција од страна на Аргентинците по поразот во финалето од Мундијалот во Катар. Аргентина е светски првак, и тој факт го искористи до максимум на секој можен начин да го навреди противникот и да го исмее. Коректно или не тоа е веќе друго прашање но кој може да суди во оваа еуфорија дали направил некој некаков лош потег и како истиот ќе се протолкува.

Од друга страна пак не требаше премногу да се чека за да почнат да пристигнуваат одговорите од другата страна. Еден паб во Франција на прагот послал дрес од Лео Меси и на таблата напишал образложение зошто.

„Не заборавете да ги избришете чевлите“ – алудирајќи секако да се извалка максимално националниот дрес на Аргентина за кој ете очигледно дека Французите сметат дека заслужил таков третман.

ПретходноНавивачите променија име на авенија во Лионел Меси
СледноЧурлинов во обид да го освои Олд Трафорд