Шахтјор ја однесе ФИФА на суд поради 40 милиони евра

178

Во четврток (22.12.2022) пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) ќе се одржи рочиште во спорот помеѓу Шахтјор од Доњецк и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а украинскиот клуб бара отштета од 40 милиони евра поради заминувањето на странските играчи за време на војната во Украина.

Рочиштето ќе почне утре изутрина, а претставниците на Шахтјор сметаат дека се финансиски оштетени поради одлуката на ФИФА да им дозволи на странските фудбалери да ја напуштат земјата и како слободни играчи да преминат во други клубови поради војната.

ФИФА им даде на играчите и тренерите од странство шанса да ја напуштат Украина и да потпишат договори со други клубови освен ако не одлучат да останат и да потпишат нови договори со украинските клубови.

Директорот Сергеј Палкин изјави дека многу странски играчи го напуштиле клубот без отштета поради што приходите од трансферите на играчи се намалиле за околу 40 милиони евра.

„Клубот сака да си ги поврати изгубените 40 милиони евра, а ФИФА треба да ја надополни штетата за која е одговорна“, рече Палкин.

Во друго соопштение ФИФА наведе дека украинските клубови можат да се соочат со заминувања на многу фудбалери и дека тоа е неизвежна последица на ситуацијата во Украина, но вети дека ќе ги заштити украинските тимови.

 

ПретходноЃоковиќ го откажа дуелот со Кириос во Дубаи, публиката незадоволна
СледноКостоски од ТФТ е МВП на 6.коло во АБА 2