Ѓоковиќ го откажа дуелот со Кириос во Дубаи, публиката незадоволна

515

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ требаше да игра против Ник Кириос во второто коло од Светската лига која се игра во Дубаи. Иако се беше спремно за мечот, во последен час, поточно неколку минути пред почетокот дојде до промена и Новак не излезе на теренот.

Место Ѓоковиќ, против Кириос во второто коло игра Григор Димитров.

Причината за откажувањето на Ѓоковиќ е тоа што не се чувствувал добро. Реакцијата на публиката не беше најдобра, искажаа незадоволство затоа што голем број на гледачи дојдоа да го видат еден од најдобрите тенисери на денешницата.

ПретходноМароканците ќе ја донираат паричната награда од ФИФА на сиромашните
СледноШахтјор ја однесе ФИФА на суд поради 40 милиони евра