Дарко Чурлинов и неговиот Барнли не успеаја да направат изненадување на „Олд Трафорд“ во мечот од 4. коло на Лига Купот на Англија. Манчестер Ј. славеше со 2:0, а Чурлинов кој мечот го почна од клупата, доби шанса во 64. минута и имаше една извонредна шанса за гол.
Манчестер Ј. поведе со голот на Ериксен во 27. минута, за Рашфорд во 57. минута да ги постави конечните 2:0. По влегувањето на Чурлинов, Барнли го притисна противникот, а веќе во 67. минута нашиот репрезентативец доби одлична топка во шеснаесетникот на домашните, но биеше само крај голот.
За Чурлинов ова беше втор настап за Барнли, по оние три минути кои ги одигра на минатиот меч во Чемпионшип лигата изминатиот викенд против Мидлсброу.