Килијан Мбапе секако беше најдобар играч на Мундијалот покрај Лионел Меси, а на крајот ја доби и наградата за најдобар стрелец на овој турнир.
Во последниот натпревар против Аргентинците тој постигна хет-трик, го одведе натпреварот прво во продолжение, а потоа и на пенали, но сепак тоа не беше доволно за „триколорите“ да ја одбранат титулата светски првак.
Фудбалерите кои играа во самата завршница на Светското првенство ќе добијат најмалку седум дена одмор пред да се вратат во своите клубови, бидејќи следната недела продолжуваат натпреварите во одредени европски лиги.
Меси одморот ќе го помине во родното Росарио, а Мбапе се очекуваше да помине неколку дена во Дубаи, но тој ги изненади сите со својата одлука.
Имено, француските медиуми денеска потврдија дека Мбапе им порачал на челниците на ПСЖ дека не му треба одмор и дека веќе се појавил на тренингот на овој клуб утринава, што покажува за каков професионалец навистина станува збор. Ова го стори 72 часа по завршувањето на финалето.
Bonjour @KMbappe ! 👋☺️ pic.twitter.com/eQzV6F6Mz4
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) December 21, 2022
Со тој потег Мбапе најмногу го посрамоти Нејмар, кој пред десетина дена го заврши настапот со Бразил на Мундијалот, но Бразилецот се уште е на одмор и допрва се очекува неговото доаѓање во Париз.