ОПСЕСИЈА: Аргентина ќе го става ликот на Меси на банкнота од 1000 пезоси

485

Опсесијата со Лео Меси нема граници по триумфот на Аргентина на СП 2022. Земјата веќе размислува да го стави ликот на фудбалската суперѕвезда на официјалните банкноти.

Според весникот „Ел Финансиеро“, претставниците на финансиското раководно тело на јужноамериканската земја ги разгледуваат опциите за славење на историскиот триумф на нивната земја на Светското првенство.

Се верува дека една од најпосакуваните опции е да се стави ликот на Меси на банкнотата од 1.000 пезоси, бидејќи бројот започнува со „10“ – бројот на дресот што го носи големата ѕвезда.

ПретходноБорко со 8 одбрани го однесе Лемго во четвртфинале на Купот
СледноИталијанската влада со одлука: Должниците од Серија А ќе ги враќаат парите на 60 рати