ОФИЦИЈАЛНО: Севиља и Иско се разделија

214

Шпанскиот прволигаш Севиља на официјалната интернет страница ја потврди разделбата со играчот од средниот ред Иско. Договорот со 30-годишниот Шпанец е прекинат на обострано барање.

Претходно низ медиумите се ширеше информација дека Иско имал намера да си оди од клубот поради конфликт со спортскиот директор Рамон Мончи. Инаку Иско и се приклучи на Севиља минатото лето. Оваа сезона одигра 19 натпревари со ефект од еден гол и три асистенции.

Вулверхемптон е заинтересиран за неговите услуги.

ПретходноЧурлинов во обид да го освои Олд Трафорд
СледноСимиќ и Борац му одржаа лекција на Пелистер