Енцо Фернандез беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар. Тој го привлече вниманието на Реал Мадрид, меѓутоа Бенфика му порача на мадридскиот гигант како и на сите други заинтересирани дека цената е 120 милиони евра.
Од Реал го сакаат аргентинскиот репрезентативец но не и да платат толкава сума за него. Тие сметаат дека цената е „напумпана“ и дека Бенфика претерува во барањата. Од Реал се спремни да платат максимум 100 милиони евра и ништо повеќе.
Тој е интересен за ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Интер. Сите овие клубови наводно разговарале со агентот на играчот.