Лапорта за Меси: Би сакале да се врати, но не сакаме да даваме лажни ветувања

212

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги отфрли шпекулациите дека Лионел Меси наскоро би можел да се врати на Камп Ноу. Шефот на „Блауграна“ тврди дека сака тоа да се случи, но признава дека ќе биде многу тешко бидејќи светскиот шампион со Аргентина има договор со ПСЖ, а последните информации се дека тој дури се договорил со парижаните да го продолжи договорот за уште една година.

“Би сакал тој да се врати во Барса. Би бил среќен тоа да се случи, но не можеме да создадеме такви очекувања. Тој ја освои светската титула и тоа не направи многу среќни бидејќи во овој клуб го сакаме. За нас тој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Тој е во срцето „Каталонец“ и секогаш ќе биде поврзуван со Барселона. Сепак, моментално е во ПСЖ и е под договор, па тоа би била многу комплицирана операција. Навистина би сакале да дојде назад еден ден, но ќе видиме“, изјави Лапорта за клупската телевизија на Барса.

 

 

ПретходноЗа „дивеењето“ на Уругвајците од десет до петнaесет мечеви казна
СледноПоранешен репрезентативец на Гана уапсен за измама