Некогашниот тренер на Челзи, израелскиот стручњак Аврам Грант ќе биде нов селектор на репрезентаијата на Замбија.
Искусниот стратег подолго време беше без ангажман, а последно беше дел од прволигаш од Индија пред четири години.
Сега, влегува во нова авантура, за која самиот вели дека внимателно ја одбирал.
„Барав прав ангажман и затоа ја одбрав Замбија. Дојдов во надеж дека луѓето ќе бидат задоволни од нашата работа и дека тоа ќе биде основа за успех“ – изјави Грант.