Иако минаа само шест месеци откако Килијан Мбапе, најдобриот стрелец на СП во Катар, му кажа дефнитивно – НЕ на Реал Мадрид и остана во ПСЖ, се чини дека некои работи се поместуваат и покрај гневот на Флорентино Перез и фановите на “кралевите“.
Имено според “Газета дело Спорт“, Дон Флорентино размислувал за нова операција “Килијан Мбапе“ која би го чинела една милијарда евра. Тој трансфер би се реализирал во јуни, а за тоа да се оствари европскиот шампион бил спремен да “искешира“ монструозна сума.
Ова доаѓа и по наводниот ултиматум на Мбапе до челниците на ПСЖ во кој побарал Лео Меси да не биде веќе на “Паркот на принцовите“ по се она што се случуваше после финалето на СП во Катар.
Сепак се знае дека ПСЖ и Меси веќе се договориле тој да остане во Париз и во наредниот период.