Двократниот шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е прогласен за спортист на годината во Холандија. За него ова е трета ваква награда во кариерата. Претходно, Верстапен стана најдобар спортист во земјата во 2016 и 2021 година.
Во 2022 година, Верстапен победи на последното гласање, пред светскиот шампион во велосипедизам Хари Лаврисен, како и лизгачот Томас Крол, кој стана олимписки шампион.
Во последната сезона од Формула 1, Макс Верстапен ја освои шампионската титула уште во октомври, откако победи на Јапонското ГП.