Синоќа или рано изутринава се одиграа неколку натпревари во НБА лигата. Лука Дончиќ за својот Далас постигна “само“ 25 поени, но сосема доволно за триумф над Минесота на гости со 99:104. Словенецот за малку ќе го реализираше седмиот трипл-дабл сезонава, имено имаше девет скокови и десет асистенции.
Чикакго во трилер финиш ја победи Атланта со 110:108, и тоа со поените на Донсума во последната мигови од мечот.
AYO DOSUNMU CLUTCH. 🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 22, 2022
Бруклин реди победи, седма по ред за тимот на “Нетси“ и тоа против Голден Стеј со резултат 143:113. Навистина неверојатно е како тоа актуелниот шампион успеа да прими 143 поени.
Резултати:
Кливленд – Милвоки 114:106, Филаделфија – Детроит 113:93, Атланта – Чикаго 108:110, Бостон – Индијана 112:107, Бруклин – Голден Стејт 143:113, Њујорк – Торонто 106:113, Хјустон – Орландо 110:116, Минесота – Далас 99:104, Оклахома – Портланд 101:98, Сакраменто – ЛА Лејкерс 134:120, ЛА Клиперс – Шарлот 126:105.