Партизан го победи Фенербахче на гостувањето со 73:72 во меч од 15.коло на Евролигата после сензационален кам-бек и 11 поени негатива. „Црно-белите“ триумфираа во „Улкер спорт“ салата против првопласираниот тим во Евролигата.
Фенербахче во третиот период се одлепи на максимални 11 поени разлик (49:38 и 55:44), меѓутоа гостите од Белград се вратија во финишот. Фенер го доживеа третиот пораз сезонава, а Партизан ја забележа шестата победа.
Кај Фенер најефикасни беа Вилбекин со 14 и Калатес со 11 поени. Кај Партизан Пантер и Лесор дадоа по 12.