За „дивеењето“ на Уругвајците од десет до петнaесет мечеви казна

202

ФИФА подготвува жестоки казни за дел од репрезентативците на Уругвај кој по елиминацијата од Мундијалот во Катар направија вистински хаос. Поточно, по мечот со Гана во кој беа елиминирани, Кавани, Хименес, Муслера и Годин буквално сакаа да ги линчуваат делителите на правдата, имаше физички контакт, вулгарности се и сешто.

Токму затоа, откако се стивна, откако Мундијалот заврши на сцена ќе стапат дисциплинските органи на ФИФА и темелно ќе го истражат случајот. Кој кому што му сторил и му рекол, за да потоа следат адекватните казни и санкции.

Се претпоставува дека за дел од гореспоменатите ќе има огромни казни суспензија од десет до петнаесет мечеви, а што е најважно ова не важи само за репрезентативните мечеви.

Најлошо би требало да мине, доколку се се докаже против него на сослушувањето ан 9 јануари, играчот на Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез кој удри еден вработен од ФИФА. Му се заканува суспензија дури од шест месеци.

 

 

ПретходноДавид Алаба постави нов рекорд во Австрија
СледноЛапорта за Меси: Би сакале да се врати, но не сакаме да даваме лажни ветувања