МЗТ Скопје останува закован на дното, Сплит ја однесе победата од „Јане Сандански“

164

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го доживеа и деветтиот пораз сезонава во АБА лигата. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот претставник доживеа пораз од 80:85 и покрај тоа што на полувреме имаше предност од еден поен (41:40), а по третата четвртина и 63:59. Во последната одиграа слабо и го загубија мечот.

Сплиќаните кои се во долниот дел од табелата, поточно беа на 12-тото место едно место пред зоната за испаѓање, сега се искачија на осмото. Ова е нивна четврта победа сезонава.

Најефикасен на мечот беше Мавра од Сплит со 23 поени. Кај МЗТ најмногу постигна Војдан Стојановски 17, а имаше и три асистенции.

ПретходноПоранешен репрезентативец на Гана уапсен за измама
СледноПетровиќ: Штета е да губиш ваков натпревар во кој имаш контрола