Прекумерната прослава на светската титула, една Аргентинка може да ја чини затворска казна. Имено, на трибините на стадионот „Лусаил Иконик“ навивачите не можеа да ја задржат среќата, а една девојка отиде преодалеку.
Камерите ја фатија како танцува и се забавува, но топлес. Официјален претставник ја забележал и ја извел надвор од стадионот, а веднаш по мечот е предадена на судија.
Строгите закони на Катар, може да ја чинат затвор. Стравувањата се дека навивачката можеби веќе е зад решетки и ја чека одлуката на судијата. Во најдобра рака, оваа аргентинска навивачка може да си оди од Катар со голема парична казна.
¡ Por si no lo viste !
En la final de la copa del mundo en Qatar, una hincha argentina hizo topless y podría ir a la cárcel por dicho acto. pic.twitter.com/9BO5YQMsYU
— Ana Luisa (@HNoticiasMX) December 21, 2022