На клуб му одземаа бодови поради лош терен

40

На англискиот Ковентри Сити ќе му скратат пет бода од сегашната состојба во Чемпионшип поради три одложени натпревари на домашен терен, пренесува Ројтерс. Мечевите не се одржале според планот поради ужасната состојба на теренот на „сино-белите“ кои не ги задоволуваат стандардите.

Клубот исто така ќе плати казна од 6000 фунти, а наредната сезона ќе почне со пет бода помалку, без разлика во која дивизија че настапува.

Мечевите на Ковентри против Хадерсфилд, Ротерам и Виган беа одложени. На тој стадион исто така се одржуваат рагби натпревари со што дополнително се оштетува тревникот. Инаку Ковентри, некогашен премиерлигаш, се наоѓа на осмото место во Чемпионшип со 33 бода пред да им биде изречена казната.

ПретходноПотсетување: Сите голови од СП во Катар! (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Џака и Швајцарија против Белорусија ќе играат во Нови Сад!