Ни Пеп, ни Анчелоти: Бразил преговара со Луис Енрике!

128

Бразилскиот дневен весник „О Глобо“, објави информација дека првите луѓе на бразилскиот фудбал почнале разговори со сега веќе поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, за преземање на селекторската палка на клупата на „кариоките“.

По неуспехот на СП во Катар, досегашниот предводник на Бразил, Тите, си замина од позицијата, а се споменуваа имиња како Гвардиола и Анчелоти кој би можеле да станат предводници на бразилскиот тим. Сепак, весникот пишува дека сега прв избор на Федерацијата е екс-шпанскиот селектор.

Енрике има стил кој многу им одговара на „кариките“, затоа што бара во секој момент неговиот тим да ја поседува топката и да доминира во играта, нешто што соодведствува со стилот на Бразил. Разговорите се на почетна основа, но по Нова година може да се очекува и евентуален договор.

ПретходноОдреден распоредот за плеј-офот: Вардар против Е. Пелистер во 5. коло
СледноУЕФА се уште не кажува каде ќе се игра дуелот Белорусија – Косово?