Одреден распоредот за плеј-офот: Вардар против Е. Пелистер во 5. коло

136

Денеска со ждрепка беа одредени натпреварувачките броеви за плеј-офот во домашното ракометно првенство. Со ова е познат и комплетниот распоред на натпреварите за осумте екипи кои ќе се борат за трофејот во Суперлигата.

Првиот голем дуел на двата главни ривали за титулата, Вардар и Е. Пелистер ќе биде во рамките на 5. коло. Домаќин ќе биде Вардар во Скопје, додека дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола е во рамките на 12. коло.

ПРВО КОЛО – ПЛЕЈ ОФ (11/12 февруари)
Вардар – Т. Пролет
Е. Пелистер 2 – ГРК Охрид
Бутел Скопје – Е. Пелистер
ГРК Тиквеш – Алкалоид

ПРВО КОЛО – ПЛЕЈ АУТ (11/12 февруари)
Вардар (Н) – Голден Арт
Прилеп – Радовиш
Јуниор К. В. – Куманово
Скопје 2020 – Струга

ПретходноДодека сите славеа со семејствата и децата само еден фудбалер беше сам! (ФОТО)
СледноНи Пеп, ни Анчелоти: Бразил преговара со Луис Енрике!