Официјално: Македонија годината ќе ја заврши како 65-та сила во светот!

119

Она што се предвидуваше и очекуваше, дека нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе се најде на 65.место во светот на најновата ФИФА листа, денеска и се оствари.

Имено и покрај слабите резултати на последните мечеви, нашата селекција остана на тоа место на кое беше и на последното рангирање во октомври.

Значи Македонија годината 2022 ќе ја заврши како 65-та фудбалска сила во светот.

Инаку на врвот има мали промени. Бразил остана прв, но сега Аргентина е втора, Франција трета а Белгија падна на четвртото место. Следуваат Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија во ТОП-10 селекции на ФИФА ранг листата.

ПретходноРоналдо за седум години во С. Арабија ќе инкасира 1,4 милијарди евра!
СледноФИБА објави како ќе се стигне до дополнителните четири билети за Олимпијадата во Париз!