МЗТ Скопје го доживеа десеттиот пораз сезонава во АБА лигата, а тренерот Александар Петровиќ даде свое видување за мечот. МЗТ имаше предност на полувреме и по третата четвртина, а потоа почна да оди надоле и доживеа пораз од 80:85.
„Честитки до екипата на Сплит за битката до крајот, заслужено нè победија. До третиот период исполнивме сè што имавме договорено. Потоа во четвртата четвртина, не бевме активни во нападот, премногу ја држевме топката и не напаѓавме со пас игра или дриблинг. На крајот, две грешки во одбрана доведоа до две тројки. За нас ова е тежок пораз, има уште доста да се игра, ама штета е вака да се губи натпревар во кој имаш контрола. Сметам дека имавме големи шансии да победиме, ама тоа не се случи“, кажа Петровиќ.