Поранешен репрезентативец на Гана уапсен за измама

132

Поранешниот гански репрезентативец Принс Тагое е уапсен во Гана, пренесуваат локалните медиуми. Тагое кој во кариерата играше за Хофенхајм и Бурсаспор е обвинет за измама, поточно тој се обидел да го измами асистентот во  националниот тим Џорџ Боатенг.

Боатенг сакал да купи Лексус, а Тагое го убедил дека може да му увезе во Гана за 40.000 американски долари. Боатенг му ги дал парите, но Тагое не му го испорачал автомобилот. Подоцна тој се оправдал дека парите ги искористил да реши лични проблеми.

Тагое е во притвор до 4 јануари и покрај фактот што тој се изјаснил дека не е виновен.

ПретходноЛапорта за Меси: Би сакале да се врати, но не сакаме да даваме лажни ветувања
СледноМЗТ Скопје останува закован на дното, Сплит ја однесе победата од „Јане Сандански“