Роналдо за седум години во С. Арабија ќе инкасира 1,4 милијарди евра!

1050

Се чини дека е готово. Кристијано Роналдо е веќе во Ријад и се очекува во секој момент потврда на трансферот за Ал – Наср со кој Поругалецот за седум години ќе инкасира најмалку 1,4 милијарди евра, ова го известува “Марка“.

Роналдо треба да потпише седум годишен договор. Некој ќе каже дека е премногу, но „цаката“ е во тоа што тој ќе играл за АЛ – Наср само 2,5 години а потоа ќе биде спортски амбасадор на С. Арабија се до 2030 година, и ќе учествува во кампањата за да оваа земја го добие Мундијалот во за осум години.

Платата на Роналдо за овој период ќе биде „само“ 200 милиони евра нето, и истата ќе ја зема и како фудбалер и како амбасадор.

ПретходноОфицијално: Џака и Швајцарија против Белорусија ќе играат во Нови Сад!
СледноОфицијално: Македонија годината ќе ја заврши како 65-та сила во светот!