Светскиот шампион од 1998 удри по Дешамп: Срамота е да не ја победиш Аргентина во финале

1480

Поранешниот фудбалер на француската репрезентација и светски шампион од 1998 година, Криштоф Дугари, изјави дека ако тој би се прашувал, Зинедин Зидан ќе биде нов селектор на националниот тим.

„Тоа не е мој проблем, не одлучувам јас. Но, не кријам дека би сакал Зизу да ја води репрезентацијата. Сакам да видам нешто ново. Работата е што никогаш не зборуваме за фудбал. Тоа не го направивме ни кога победивме во 2018 година. Во ред е, но на крајот, кога губиш, ти требаат објаснувања, треба дискусија. Аргентинците не се силни како нас, подарок беше да се игра со нив. Од 2012 година се навикнавме да немаме препознатлив стил. Ова е ракописот на Дешам, кога е важен само резултатот“, вели Дугари.

ПретходноНавивачката која ги покажа градите во финалето, може да заврши во затвор! (ВИДЕО)
СледноПолска му врачи отказ на селекторот Михњевич