Сити го совлада Ливерпул и се пласира во четвртфиналето на Карабао купот

140

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ливерпул со 3:2 и изборија место во четвртфиналето на Карабао купот (Лига купот на Англија). Резултатот го отвори Халанд на асистенција на Де Брујн во 10. минута, а изедначи Карваљо десет минути подоцна.

Со тој резултат се отиде на полувреме, а само што почна второто полувреме паднаа два гола. Прво Ријад Марез зголеми за Сити, а веднаш потоа Мохамед Салах изедначи на 2:2.

Во 58. минута дефанзивецот Натан Аке го постави конечниот резултат.

 

ПретходноЦрвен аларм во МЗТ!!! Дали Петровиќ треба да остане!?
СледноФИФА отвори постапка поради познатиот турски готвач!