ТФТ со втор триумф во АБА 2 лигата

70

Екипата на ТФТ конечно ја забележа втората победа во овогодинешните настапи во АБА 2 лигата. Скопскиот состав беше подобар од тимот на Спарс Илиџа со 102-78 во игра која беше убедлива и која е опишана во самиот висок триумф.

Главна причина за триуфот на ТФТ беше добрата игра особено во третата четртина која е добиена со 26-15, откако до полувреме мечот беше и тоа како неизвесен.

Бишоп најјефикасен и најкорисен играч на овој дуел со 18 поени и пет асистенции, а следуваа Ташовски и Мекбраер кои постигнаа по 16 поени, Андерсон заврши со 15 поени, а по 12 поени постигнаа Николов и Батрик.

 

ПретходноФИФА ги објави номинациите за најдобар голман за 2022
СледноУште една убедлива победа на Димитријевиќ и Уникс