Уникс Казан ја оправда улогата на фаворит против Астана на гостински терен, славеше со убедливи 41-79 во рамките на 18 коло во ВТБ лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го запиша 16 триумф оваа сезона.
Димитријевиќ беше стартер и на оваа средба, зад своето име запиша 13 поени, четири скока, една асистенција и една украдена топка.
До овој учинок нашиот најдобар кошаркар дојде за 22 минути на теренот.