ФИФА ги објави номинациите за најдобар голман за 2022

636

ФИФА на официјалната веб-страница ги објави имињата на голманите номинирани за наградата The Best. Наградата ќе го земе предвид временскиот период од август 2021 година до 18 декември 2022 година.

Церемонијата ќе се одржи на 27 февруари 2023 година. На листата на номинирани се: Алисон Бекер (Ливерпул, Бразил), Јасин Боно (Севиља, Мароко), Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија), Доминик Ливаковиќ (Динамо Загреб, Хрватска), Мик Мањан (Милан, Франција), Емилијано Мартинез (Астон Вила, Аргентина) и Мануел Нојер (Баварија, Германија).

Сенегалскиот голман на Челзи Едуард Менди беше претходниот добитник на наградата.

ПретходноПолска му врачи отказ на селекторот Михњевич
СледноТФТ со втор триумф во АБА 2 лигата