Црвен аларм во МЗТ!!! Дали Петровиќ треба да остане!?

723

Се редат поразите на Mакедонскиот првак во АБА лигата, а со тоа и нервозите во Аеродром кој сака да гледа врвна кошарка, силни ривали, но и победи на новите „Штркови“.

Ова што се случи вечерва и новиот пораз на домашен терен, овојпат од просечниот состав на Сплит е само најава дека нешто мора да се менува. Едни играчи заминаа, други беа оквалификувани како непотребни, трети се вратија, но факт е дека клубот оди по една тенка линија која не дава она што се очекува.

Да се биде најдобар дома, тоа е дефиниција и нормална работа кога се зборува за МЗТ Скопје Аеродром, но ова што се случува во елитната лига на АБА е малку, недоволно, и далеку под очекувањата. Дека треба да се реагира, да треба! Дека мора, мора и тоа најбрзо и што е можно поскоро. Секоја чест за тренерот Александар Петровиќ и неговите заслуги за минатата сезона и враќањето на клубот во елитата на АБА (со второ место), но сепак за ова натпреварување потребно е повеќе искуство и знање.

Дали МЗТ треба да бара нов тренер, дали Петровиќ треба да остане!? Тоа МЗТ треба да го расчисти што е можно поскоро, во следните часови па може и денови но никако недели. Кого ќе победи МЗТ ако не Сплит на домашен терен? А Сплит си замина со цел плен од Скопје, шансите за опстанок во елитата се губат и затоа треба правовремена реакција. Едно е пријателство, минат труд, друго е реалност и интерес на клубот и навивачите.

Да се надеваме дека во интерес на МЗТ и мак-баскетот ќе бидат донесени правилни одлуки со кои клубот од Аеродром ќе успее да се врати во нормала и како некогаш да биде конкурентен во елитата на АБА. Долго време Аеродром, Скопје и Македонија чекаа враќање во ова натпреварување, а трагедија би било доколку тимот експресно се врати во понизок ранг. Како и во секој клуб, спорт и како во секоја криза прв на удар е тренерот. Време е за нов кормилар на клупата на „Штрковите“.

ПретходноВегхорст за инцидентот со Меси: Барем ми го научи името
СледноСити го совлада Ливерпул и се пласира во четвртфиналето на Карабао купот