Вегхорст за инцидентот со Меси: Барем ми го научи името

494

Светското првенство помина но се уште се свежи сеќавањата од истото. Посебно инцидентите меѓу Франција и Аргентина во завршниот меч и по него, а се огласи и играчот на Холандија, Вут Вегхорст кој влезе во „клинч“ со Лео Меси по завршување на натпреварот меѓу Аргентина и Холандија.

Меси го нарече Вегхорст глупак и го испрати во соблекувалната за време на интервјуто по натпреварот, но фудбалерот на Барнли тврди дека не се обидувал физички да се пресмета туку усно да му објасни некои работи.

За мене сите се исти на натпревар. Јас се борам. Така направив на овој натпревар. Имав тензични моменти со Меси на натпреварот и можеби тој беше изненаден. Многу го почитувам, тој е еден од најдобар досега. После натпреварот сакав да му покажам на Меси почитта што ја имам кон него, но тој не беше многу отворен за тоа. Сега барем го научи моето име“, сподели Вегхорст.

Отидов да му подадам рака по натпреварот. Тој не го прифати тоа и ми рече нешто грубо, но јас не разбирам добро шпански. Многу сум разочаран“, изјави напаѓачот на „лалињата“ по инцидентот.

ПретходноЕвролига: Звезда направи чудо во Атина – губеше со 12 разлика и на крајот победи
СледноЦрвен аларм во МЗТ!!! Дали Петровиќ треба да остане!?