Давид Алаба постави нов рекорд во Австрија

192

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба по деветти пат е избран за „Фудбалер на годината“ во Австрија , што е рекорд за оваа земја. Анкетата беше организирана од агенцијата АПА , на неа учествуваа тренерите на сите екипи од австриската Бундеслига,  како и новинари специјализирани за фудбалот.

Во изборот следуваа Марко Арнаутовиќ од Болоња, Конрад Лајмер од РБ Лајпциг и Гернот Траунер од Феенорд.

Алаба се пресели во Реал Мадрид во летото 2021 година, а од 2009 до 2021 година настапуваше за Баерн Минхен. Алаба е десеткратен шампион на Германија, шесткратен освојувач на Купот и Суперкупот на Германија, двократен освојувач на Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА, двократен шампион на Светското клупско првенство.

Алаба е прогласен и за спортист на годината во Австрија за 2022 година.

ПретходноЗдравков и официјално промовиран за тренер на Брегалница
СледноЗа „дивеењето“ на Уругвајците од десет до петнaесет мечеви казна