ФИФА подготвува жестоки казни за дел од репрезентативците на Уругвај кој по елиминацијата од Мундијалот во Катар направија вистински хаос. Поточно, по мечот со Гана во кој беа елиминирани, Кавани, Хименес, Муслера и Годин буквално сакаа да ги линчуваат делителите на правдата, имаше физички контакт, вулгарности се и сешто.
Токму затоа, откако се стивна, откако Мундијалот заврши на сцена ќе стапат дисциплинските органи на ФИФА и темелно ќе го истражат случајот. Кој кому што му сторил и му рекол, за да потоа следат адекватните казни и санкции.
Се претпоставува дека за дел од гореспоменатите ќе има огромни казни суспензија од десет до петнаесет мечеви, а што е најважно ова не важи само за репрезентативните мечеви.
Најлошо би требало да мине, доколку се се докаже против него на сослушувањето ан 9 јануари, играчот на Атлетико Мадрид, Хозе Марија Хименез кој удри еден вработен од ФИФА. Му се заканува суспензија дури од шест месеци.