Славниот Емилијано Мартинез, голманот на Аргентина кој просто го „запали“ фудбалскиот свет и по одбранетите пенали, но повеќе по оној гест откако ја доби „Златната ракавица“ на СП во Катар, денеска беше пречекан како крал во својот роден град Мар дел Плата.
Градот има околу 650.000 жители, а на пречекот беа најмалку 150.000 лица.
Тој сега е нивен херој, па затоа Мар дел Плата сака засекогаш да му се заблагодари со тоа што ќе му подигне споменик, исто така и стадионот ќе се вика по неговото име.