ИХФ со мундијалска најава за Македонија: Со Лазаров како селектор почна новата ера!

621

Во пресрет на СП во ракомет кое ќе се одржи во Полска и Шведска од 12 до 29 јануари, ИХФ на својата официјална веб – страница ја најави и пред се ја претстави Македонија.

Во опширниот текст се вели дека ракометната селекција на Македонија веќе ја почна новата ера откако за првпат ќе настапи без легендарниот Кире Лазаров како играч, но со него како селектор.

Ова за него ќе биде прв мундијал на кој ќе ја предводи својата Македонија како селектор:

Лазаров по пензионирањето не се откажа од Македонија, туку стана селектор. Без него како играч почна новата ера во оваа репрезентација. Недостатокот од искуство можеби ќе беше беше проблем, но за него се помина совршено – и покрај огромниот притисок кој врз него беше направен на почетокот кога ја презема улогата на селектор“ се вели во најавата на ИХФ.

Познато е дека Македонија за да се пласира на ова СП мораше да победи во два баражи, против Романија и Чешка:

Неговото повлекување како играч значеше и нов почеток за Македонија, со многу свежи лица. Лазаров почна да гради тим кој може да ги подобри своите перфоманси. Тука има и искусни играчи, а во тимот се врати и Дејан Манасков, кој со голманот Никола Митревски дава друга димензија на тимот. Сепак ќе недостасува искусниот Стојанче Стоилов“.

Во продолжение се констатира дека ова за Македонија ќе биде вкупно осмо учество на СП или шесто во серија. Дека Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, секако и дека мечевите од првиот дел во групната фаза ќе се играат во Краков.

На крај од текстот се напоменува дека клучни играчи во нашата селекција, според ИХФ, биле Филип Кузмановски, Дејан Манасков и Никола Митревски.

ПретходноМилијардер од Оман нуди милион евра за наметката на Меси од Мундијалот
СледноГвардиола оди на сигурно, Гундоган во Сити до 2025