Симон Марчињак, полскиот судија кој ја делеше правдата на финалниот меч на СП во Катар меѓу Аргентина и Франција, деновиве беше на удар, посебно од поразената страна, за тоа дека го признал голот на Меси за 3:2 иако имало резервни играчи на терен.
Тој денеска излезе на прес и покрај другото се бранеше дека многумина, дури од негови колеги од Франција, па и самиот Килијан Мбапе, му рекле дека судењето било одлично:
„А, зошто не се буните на голот на Мбапе, кога имаше 6-7 играчи од Франција на терен? Да, јасно се гледа дека кога Меси дава гол за 3:2 има неколку резервни играчи на терен, но тие не влијаат на играта. Јас не знам какво е тоа кршење на правилата. По мечот се ракував со Мбапе, му честитав на фантастичната игра од негова страна, тој пак ми напомена дека судењето било одлично“ рече покрај другото Марњињак кој на пресот преку својот мобилен покажуваше неколку спорни ситуации од големото финале на СП во Катар.