Дали ѕвездите, дали Господ, можеби судбината или некоја друга сила, но ако се погледнат фактите од Марадона и неговата Аргентина во 1986 и онаа на Меси од 2022, тогаш навистина се е исто.
Просто неверојатно.
Но, ајде да тргнеме по ред:
СП Мексико 1986
-Аргентина првак
-Марадона најдобар играч
СП Катар 2022
-Аргентина првак
-Меси најдобар играч
СП Мексико 1986
-Мароко беше прв во својата група
СП Катар 2022
-Мароко беш прв во својата група
СП Мексико 1986
-Белгија беше трета во групата
СП Катар 2022
-Белгија беше трета во групата
СП Мексико 1986
-Англичаните победија со 3:0 во 1/8 финале, а загубија со 2:1 во 1/4 финале
СП Катар 2022
-Англичаните победија со 3:0 во 1/8 финале, а загубија со 2:1 во 1/4 финале
СП Мексико 1986
-Бразил загуби во 1/4 финале на пенали
СП Катар 2022
-Бразил загуби во 1/4 финале на пенали
СП Мексико 1986
-Судијата кој го судеше финалето е роден на 7 јануари
СП Катар 2022
-Судијата кој го судеше финалето е роден на 7 јануари
Има уште:
-И Марадона и Меси имаат порази во финалињата на СП од Германија. Во Италија 1990 (Марадона) и во Бразил 2014 (Меси)
-Една година пред да бидат шампиони со Аргентина и Марадона и Меси ја напуштија Барселона.
Е, па сега, кажете…