Светски шампион со Франција од 2018 објави пензија

408

Поранешниот француски репрезентатувец Блес Матуиди објави дека се пензионира од професионално играње на фудбал. 35-годишниот фудбалер ова го објави на социјалните мрежи.
Фудбал, те сакав многу! Фудбал, ми даде толку многу, но време е да кажам стоп. Ги исполнив моите детски соништа. Денес ја вртам оваа страница со стегнато грло, но со гордост“, напиша Блес.
Матуиди играше за ПСЖ од 2011 до 2017 година, беше и во Троа, Ст.Етјен, Јувентус, а последниот клуб му беше Интер Мајами. Тој е светски шампион со Франција од Мундијалот 2018.

ПретходноЕмилијано Мартинез ќе добие споменик во својот роден град!
СледноКришито по шест месеци во Канада се врати во Џенова