Струга Трим Лум заврши како прва по есенската полусезона во првенството 2022/23 во ПМФЛ. Логично од тој тим да биде и играчот на полусезоната, најдобриот меѓу најдобрите, но ако се работи за Буњамин Шабани тогаш уште повеќе логиката игра улога. Да, вистина е дека Бесарт Ибраими со 9 голови е првиот “бомбардер“, но реално популарниот и искусен играч за врска Буњо беше “моторот“ на есенскиот првак.
Неуморен, може да одигра два меча во серија и тоа без проблем, стрелец на пет голови а имаше и неколку асистенци.
Шабани ја одигра својата најдобра полусезона во кариерата.
Од Струга ТЛ во идеалните единаесет се и Ибраими и Илиески.
Од вториот Шкупи тука се Маргвелашвили, Алварез и Трапановски, кој посебно блескаше во вториот дел од есенската полусезона.
Шкендија во тимот на есента според „Спортмедиа“ е застапена со Захов и Дориев. Тиквеш имаше феноменална есен, а најзаслужни за тоа се Нгоба и Ивановски. Во тимот на есента има место и за одличниот стопер на Силекс, Љамалари.
ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Буњамин Шабани
Тим: Струга Трим Лум
Роден: 30.01.1991 во Куманово
Кариера: Башкими, Милано, ФЦ Пало (Финска), Скопје, Шкендија, Партизани (Албанија), Шкендија, Ренова, Шкупи, Ширак (Ерменија), Дрита (Косови), Струга ТЛ