Евролига: Валенсија ја совлада Барселона, Oлимпија Милано во супер финиш го победи Монако

96

Кошаркарите на Олимпија Милано и Валенсија изборија победи над фаворизираните Монако односно Барселона во вториот дел од натпреварите од 15 коло од најквалитетното кошаркарски натпреварување на Стариот континент – Евролигата.
Олимпија славеше благодарение на одличната последна четвртина во која имаше 28:9 со што си го отвори патот до победта. Мајк Џејмс со 24 и Окобо со 16 беа најефикасни кај италијанската екипа. Кај противникот Били Барон постигна 23 поени.
Во дуелот на шпанските екипи, Валенсија успеа да и го земе скалпот на Барселона 84:83 нанесувајќи и го петтиот пораз сезонав. Кај Валенсија најефикасни беа Риверо со 16 и Дубијевиќ со 14, а кај Барса Лапровита постигна 28 поени.
На останатите мечеви од денешната програма: Ефес-Панатинаикос 88:69, Жалгирис – Баерн 75:67.

ПретходноКришито по шест месеци во Канада се врати во Џенова
СледноЛегендата на Баерн мораше да оди на итна операција на срцето!